admin

Донација на медицинска опрема – РК Скопје Центар

Донација на медицинска опрема – РК Скопје Центар

На 25ти јануари, 2023 година, Ротари Клуб Скопје-Центар донираше медицинска опрема вредна 122.552 американски долари во просториите на ЈЗУ Универзитетска клиника за хируршки болести „Свети Наум Охридски“ Скопје, наменета за повеќе здравствени установи во Северна Македонија.

Во присуство на членови на Ротари заедницата од Македонија и Србија, амбасадорката на САД во Република Северна Македонија, г-ѓа Анџела Агелер, министерот за здравство, г-н Беким Сали и директори на повеќе клиники во просториите на ЈЗУ Универзитетска клиника по хируршки болести „Св. Наум Охридски“ беше донирана следната опрема:

– Дигитален мобилен рентген апарат – донација за ЈЗУ Универзитетска клиника за хируршки болести „Свети Наум Охридски“ Скопје
– Ултразвучен апарат – донација за ЈЗУ Универзитетска клиника за кардиологија
– Бронхоскоп – донација за ЈЗУ Универзитетска клиника за ТОАРИЛУЦ – Клиника за анестезиологија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ)
– Дефибрилатор – донација за ЈЗУ Универзитетска клиника за инфективни болести и фебрилни состојби
– Дефибрилатор – донација за ЈЗУ Универзитетска клиника за ТОАРИЛУЦ – Ургентен центар

Во рамките на проектот кој го реализира Ротари Клуб Скопје-Центар предвидени се и следниве активности:

– Обука на технички кадар за соодветно да управува и да ја користи донираната опремата.
– План за одржување со цел да се осигура функционалност и соодветно одржување.
– План за менаџмент на пациенти со цел да се обезбеди оптимална употреба на опремата.

“Во рамките на своите клубски активности, пред скоро 2 години започнавме проект со кој сакавме да обезбедиме финансиски средства преку Global Grant проект, поддржан од Ротари Фондацијата, со цел да обезбедиме медицинска опрема за потребите на Министерството за здравство на Република Северна Македонија. Почнувајќи од 2020 година, кон поддршката што ја дава Ротари Фондацијата за вакви Global Grant проекти се приклучи и USAID со соодветно учество во финансирање на ваквите проекти. Оваа програма на Rotary International и USAID е наречена Hearts of Europe. Македонските Ротари клубови се квалификувани да аплицираат за ваквата поддршка. Токму во рамките на оваа програма нашиот клуб обезбеди донација за набавка на медицинската опрема за потребите на Министерството за здравство во износ од 122.552 USD” – изјави во оваа прилика г. Ѓорѓе Војновиќ, Претседател на Ротари Клуб Скопје-Центар. “Сметаме дека овој настан е од особено значење како за здравствениот систем во целина, така и за Ротари заедницата во Северна Македонија“, заклучи г. Војновиќ.

Во оваа прилика амбасадорката на САД, г-ѓа Анџела П. Агелер изјави:

„Дел од целите на партнерството помеѓу Ротари Фондацијата на Ротари Интернационал и Владата на САД e да се приклучи на мрежа од 1,4 милиони Ротари членови, вклучувајќи околу 200 Ротари клубови низ Европа и Евроазија, како и на Ротаријанскиот дух на великодушност и стручност со цел охрабрување на Ротаријанците да се справуваат со развојните предизвици во нивните општества. Овој пристап го засилува хуманитарното влијание, ги поттикнува заедничките напори за развој, унапредува важни цели и ги подобрува заедниците“ – истакна г-ѓа Агелер. „Владата на САД со гордост ги поддржува напорите на Ротари Клуб Скопје-Центар од Северна Македонија да ангажира млади членови и студенти од Факултетот за медицина во вебинари за управување со проекти, препознавање на потребите на заедницата и учење на лекциите од пандемијата. Зајакнувањето на капацитетот на нашата младина денес создава движечка сила за подобрување на животниот стандард на сите граѓани во Северна Македонија во иднина“ – истакна г-ѓа Агелер.

Posted by admin

Ротаријански подарок на културата

Секоја година 24 мај, Македонците со нетрпение го очекуваат посебниот ден – Денот на свети Кирил и Методиј, ден посветен на основачите на словенската литература, првиот словенски литературен јазик во словенската богослужба. Ова е денот на вашата (и наша) култура. Во Словенија го имаме 8 февруари, Денот на Прешерн, кој е словенечки културен празник

Нашиот поет др. Франц Прешерн (1800-1849) нè поврза со неговите песни. На посебен начин, ротаријанците може да се препознаат и во неговите песни, кои секоја година на нов начин нè потсетуваат на зборовите што Прешерен ги посвети на својот народ и на во нивните срца. Ротаријанците им помагаат на луѓето во неволја, соработуваат едни со други, си помагаат едни на други за да го задржат духот на примерна креативност, да размислат за добрата и богата вредност на нашите животи, да ги привлечат сите оние кои ги почитуваат денот на културата и уметничките достигнувања.

Во краткиот филм, се сеќаваме и на вас, наши пријатели Македонци, со песната на Прешерн, Здравица/Здрављица. Љубезно ве покануваме да го погледнете филмот, а по завршувањето на филмот на разговор помеѓу важни словенечки уметници и културни дејци, разговорот со тема Култура и Ковид 19.

Ние нема да ги преведуваме филмот и разговорот, но нашите јазици се поврзани и можеме да кажеме дека се разбираме меѓусебе.

Љубезно поканети.

За пристап до настанот отворете го следниот линк: https://opdi.rotaryslovenija.org

Posted by admin
Дистриктна конференција, седница на СРКМ и ПЕТС/СЕТС семинар

Дистриктна конференција, седница на СРКМ и ПЕТС/СЕТС семинар

Во Сабота, 12.09.2012, во Скопје се одржа Дистриктна конференција на Ротари дистриктот 1912, првата седница на СРКМ за ротаријанската 2020/21 година како и ПЕТС/СЕТС семинарите. 

Во конференциската сала на хотелот Александар Палас во Скопје присуствуваа претседателите на Ротари клубовите од Македонија и членови на раководството на СРКМ, ротаријанците од Словенија беа присутни во хотелот Блед Розе каде што се одржување дистрикната конференција, додека останатите ротаријанци имаа можност настаните да ги проследат преку Интернет платформата на дистриктот. 

На дистриктната конференција се изврши примопредавање на должностите од прехидниот гувернер г-ѓа Ирена Кос на гувернерот за 2020/21 година г-дин Изток Сељак. Исто така, беа презентирани активностите на клубовите од Дисктрикт 1912 во претходната година и плановите за работа во тековната 2020/21 ротаријанска година. 

На дистриктната конференција предавање одржа и академик Катица Ќулавкова на тема „Македонски Историски Стереотипи“. 

Примопредавање на одговорностите од преходниот координатор на СРКМ, г-дин Николче Петковски, на тековниот координатор г-дин Румен Смилев, се одржа на првата седница на СРКМ. Г-дин Николче Петковски ги презентираше активностите и извештаите на СРКМ во претходната 2019/20 година пред присутните на седницата, како и на дистриктната конференција во Блед, Словенија. Г-дин Румен Смилев ја презеде координацијата на СРКМ и заедно со Дистрикт Гувернерот г-дин Изток Сељак го презентираа планот за работа во тековната 2020/21 година. 

На новиот координатор и на новиот гувернер им посакуваме успешна година и многу реализирани проекти и ативности. 

Posted by admin

Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Сојузот на Ротари клубовите од Македонија, Државниот совет за превенција на детско престапништво и ЗЕЛС

На 8 јуни 2020 година,  во просторите на Градоначалникот на Град Скопје, г-дин Петре Шилегов, а во присуство на Извршниот директор на ЗЕЛС, г-ѓа Душица Перишиќ, се потпиша Меморандумот за соработка помеѓу Државниот совет (http://dspdp.com.mk), претставуван од Претседателката, проф. д-р Гордана Лажетиќ, Сојузот на Ротари клубови од Македонија, претставуван од Претседателот, г-дин Николче Петкоски и Заедницата на единиците на локалната самоуправа во РСМ (http://www.zels.org.mk/), претставувана од Претседателот, г-дин Петре Шилегов.

Со Меморандумот се нагласува организираниот и мултидисциплинарниот пристап во заеднички координирани активности заради поефикасна превенција на детското престапништво, се потврдува заедничката заложба и интересот во развојот и унапредувањето на системот на правда за децата со посебен акцент врз превенција на детското престапништво, се изразува подготвеноста за соработка врз основа на взаемна доверба и разбирање, како и давањето на свој придонес за зајакнување на капацитетите на Државниот совет за превенција на детско престапништво и на општинските совети за превенција на детско престапништво.

Posted by admin

Ротаријанците со 1,4 милиони денари лични донации за поддршка на јавното здравство

Сојузот на Ротари клубовите на Република Македонија донира опрема и финансиски средства како поддршка на здравствениот систем во борбата против Covid-19 во вредност од 1,4 милиони денари.

Во здравствените установи веќе се испорачани четири монитори за пациенти, 15 пулсоксиметри, 100 заштитни визири, 1000 заштитни маски KN95-A за медицинскиот персонал и 200 крпи. Парите се  лични донации од членовите на Ротари клубовите.

Вкупната вредност на досега донираната опрема и финансиски средства собрани од страна на Ротари клубовите ширум земјата, наменети како поддршка на здравствените установи, надминува 40 илјади евра.

-Борбата против болестите е една од главните области на делување на ротаријанците ширум светот. Во овие моменти кога нашата земја и целиот свет се соочува со огромен предизвик како што е пандемијата од корона вирусот, неопходно е да ги здружиме сите расположливи сили и да помогнеме онаму каде што е најнеопходно, а тоа секако се здравствениот систем, медицинскиот персонал и пациентите. Како индивидуи, но и како Сојуз на ротари клубови ќе направиме се што е во наша моќ и понатаму да му помагаме на здравствениот систем и на нашата земја, заеднички да излеземе како победници од оваа криза, вели во пишана изјава Никола Петкоски, координатор на Сојузот на Ротари клубови на Македонија.

Во нашата земја делуваат 20 Ротари клубови кои обезбедуваат активна и континуирана поддршка во различни општествени области.

Posted by admin